ЈСП со две автобуски линии за Саемот на книгата, линија 100 од Ново Лисиче и 200 од Дексион

ЈСП „Скопје“ и годинава ќе пушти во сообраќај автобуски линии кои ќе водат до Саемот на книга кој ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски” од 18 до 24 април. Од четврток во линиски превоз ќе бидат вклучени линиите 100 и 200, едната ќе поаѓа од Ново Лисиче во општина Аеродром, а другата од населбата Дексион во Ѓорче Петров.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber

Возен ред на линија „100″ (Ново Лисиче – СЦ „Борис Трајковски”)

Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 15 ч, 16.20 ч, 17.40 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски”: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.

Автобусите ќе тргнуваат од улицата Февруарски поход, па ќе се двужат преку булеварите Видое Смилевски Бато, Јане Сандански, Кузман Јосифовски Питу, Кочо Рацин, па по улиците 11 Октомври и Димитрие Чуповски, по булевар Св. Климент Охридски, булевар Партизански Одреди, улица Бледски Договор до СЦ „Борис Трајковски” и обратно по истата траса.

Возен ред на линија „200″ (Дексион-СЦ „Борис Трајковски”)

Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски”: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч.

Траса на движење по улиците Црногорска, Кузман Шапкарев, Ѓорче Петров, потоа по булевар Партизански одреди и по улицата Бледски Договор до Саемот на книгата и обратно по истата траса.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави