Магијата на ориентот во Скопје, егзотични вкусови и прекрасна музика

Ориенталната мелодија и изведбата на стомачен танц го создадоа совршениот амбиент за откривање на егзотичните вкусови на блиско-источната кујна. Менито се состоеше од богата селекција на типични јадења од Јордан, Либан, Сирија, Саудиска Арабија и Турција и вклучуваше табуле, хумус, фалафел, фатуш, мансаф, баба гануш, маглобе, лахмаџун и многу други ориентални специјалитети.

Limak Skopje Luxury Hotel уште еднаш им овозможи на посетителите да откријат нови автентични вкусови, овој пат на традиционалната ориентална кујна, карактеристична и по употребата на зачини и зачински билки како магдонос, нане, куркума, ким и морско оревче. Искусниот тим на готвачи на хотелот повторно го покажа своето мајсторство во подготовката на специјалитети од различни земји.

 

Поврзани објави