Фото/Градска редакција

Џафери: Утре оставка на Влада и претседател на Собранието, нивниот избор мора да заврши до недела

Утре оставки на премиерот, министрите и претседателот на собранието.Изборот на техничка влада и нов претседател на собранието на 28 јануари информира на последната средба со новинарите претседателот на собранието и предложениот мандатар за формирање на техничката влада Талат Џафери. Според него  се ќе се одвива според законите и досегашните практики за формирање на техничката влада која ќе ги организира изборите.

Фото/Градска редакција

„Според роковникот кој е договорен на 22 јануари со премиерот Димитар Ковачевски, утре треба да поднесуваат оставки министрите на владата, потоа во петок на 26 јануари треба да се констатира оставката на владата и претседателот на собранието, и во истата седница треба да се избира нов претседател на собранието, се надевам дека истиот ден претседателот на државата со предлог на мнозинството да го додели мандатот за формирање на техничката влада. Во сабота мандатарот до собранието треба да го предложи предлог програмата и предлог членовите на владата и на 28 јануари која се совпаѓа 100 дена пред изборите да се одржуваат две седници, првата за избор на влада, и во втората се прекинува мандатот на пратеникот кој станува премиер.С известува  ДИК и потоа ДИК го известува собранието за наредниот пратеник кој е на листата на пратеници , сето ова се завршува во истиот ден. Потоа истиот ден се верификува новиот пратеник, и се избираат замениците министри во техничката влада„ вели претседателот на Собранието Талат Џафери.

Тој рече дека нема да има никакви проблеми и ако нема да се подржува од ВМРО-ДПМНЕ за технички премиер, тој ќе подржи министри предложени од таа партија.

„Не се отпретува со тие проблеми, легитимно е секој како сака може да делува, јас ќе предложам состав на влада и со ВМРО-ДПМНЕ нема да биде проблем, нема пречка и предлозите на ВМРО-ДПМНЕ да бидат во состав од техничката влада„ рече претседателот на собранието Талат Џафери.

Тој не сакаше да каже дали ќе има кадровски промени кај министрите од ДУИ и Алијанса на Албанците во оваа Влада. Предлозите на СДСМ се веќе познати.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО