Search
Search

74-годишник со „џип“ прегази жена во Скопје

68-годишна жена од Скопје е тешко повредена откако во неа удрил 74-годишен возач со „џип“.

На 31.01.2024 вo 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дрезденска“ со ул.„Багдатска“ во Скопје, патничко моторно возило „џип“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(74) од Скопје, удрило во пешакот В.П.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.П. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата во дневниот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

АКТУЕЛНО