Search
Search

Фото: Се судрија автомобил и метларка, сообраќајот во овој дел од Скопје се одвива отежнато

Автомобил марка „Голф“ со тетовски регистарски таблички и „метларка“ сопственост на Комунална хигиена се судрија утрово на раскрсницата помеѓу улицата „Филип Втори Македонски“ и булеварот „Гоце Делчев“, во непосредна близина на Универзитетската библиотека.

Според првичните информации несреќата поминала со материјална штета и без повредени.

Сообраќајот во овој дел од Скопје се одвива отежнато, поради големата фреквенција на автомобили во утринскиот дел од денот.

Повеќе информации се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

Извор: скопје инфо

АКТУЕЛНО