Search
Search

Од први октомври паркиралиштата на ЈП „Градски паркинг“ со зимско работно време

Од недела, први октомври, започнува зимско работното време на зонските паркиралишта со кои управува ЈП „Градски Паркинг“.

Работното време од понеделник до петок во зоните А, Б и Ц ќе биде од 7 до 19 часот, а во сабота паркирање ќе се наплатува од 7 до 14 часот. На паркиралиштата во зона Д, работното време останува исто, односно од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.

Од први октомври ќе има промена на работното време и на јавните паркиралишта – Нова Македонија, Народен Фронт и АМСМ, каде услугата паркирање, ќе се овозможи 24 часа секојдневно, наместо како досега од 7 до 21 часот. Тоа значи дека на овие паркиралишта паркирањето во иднина ќе се наплаќа постојано.

АКТУЕЛНО