Search
Search

Од среда до Битола и назад само еден воз дневно

Од среда од Битола кон Скопје и обратно ќе сообраќа само еден воз, соопшти Железници транспорт.

-ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација “Битола – Прилеп – Велес – Скопје“ и обратно дека од ден 25.10.2023 година (среда) дека сообраќајот на патничките возови на оваа релација ќе биде организиран само со возовите бр. 643 кој поаѓа од Скопје во 14.30 часот и воз бр. 640 кој поаѓа од Битола во 03.13 часот. Овие измени ќе важат од 25.10.2023 година до нивно отповикување, стои во известувањето од Железници транспорт.

Ова значи дека од Битола кон Скопје нема да сообраќаат возовите кои од железничката станица во Битола тргнуваа во 12:48 и 18:24 часот, а од Скопје кон Битола нема да сообраќаат возовите кои од железничката станица во Скопје кон Битола тргнуваа во 6:53 и 20:05 часот.

АКТУЕЛНО