Search
Search

“Што го врти светот?” со Катерина и Тошо од Адева: Американските закони ги обврзуваат компаниите да ги објават платите во огласите за работа

Во „Што го врти светот“, се отвори темата за потенцијални pay-gaps, или добивање на различна плата за иста работна позиција. Ова е често прашање кое се отвора во светски рамки, особено кога се зборува за женските прашања. Според Катерина, жените кои аплицираат за позиции, често се поттикнати од семејството и општеството да бидат совршени. Ова резултира во тоа, тие да аплицираат само за позиции каде целосно ги пополнуваат сите барани спецификации. Доколку не ги исполнуваат сите барања, женските соработници често си ја намалуваат цената. Тоа не е случај кај мажите, кои аплицираат дури и за работни позиции, за кои немаат целосни квалификации, барајќи повисока сума. Сепак, двајцата веруваат дека се движиме во вистинска насока во овој дел.

– Сега во САД секој работодавец мора да ги истакне платите бар во кој опсек би била. Мислам дека ова со тек на време ќе го намали тој gap. – истакнува Тошо.

Како активистка за повеќе жени во ИТ светот, Катерина таа вели дека програмирањето во многу периоди се сметало за женска професија.

– Ако гледаме историски, првиот програмер заведен во историјата, е жена. Ада Лавлејс. Во текот на втората светска војна, жените работеле како програмерки, додека мажите биле на бојното поле. Така што во историјата, имало периоди кога програмирањето било женска професија. Условите во општеството во дадени периоди налагале едно или друго. Сега со движењата за еднаквост гледаме дека има повеќе жени програмерки. Имаме добри примери, roll models на кои девојките можат да се огледаат за да знаат што можат да бидат во иднина. – вели Катерина. Таа верува, дека лошите вицови за тоа дека на техничките факултети само бојата на дигитронот ги разликува девојките од момчињата се зад нас.

Гледајте ја целата епизода на „Што го врти светот“, за мотивација, учење и развој на виуги:

АКТУЕЛНО