Search
Search

Петарди и режан тутун нелегално се продаваат на пазарите во Скопје и Тетово

На два месеци до новогодишните празници пазарите се’ веќе полни со пиротехнички средства. Полицијата влезе меѓу тезгите на Бит пазар во Скопје. При контролата полицијата заплени поголема количина на пиротехнички средства, кои се одземени и по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, како и глоби од пазарните инспектори, информираат од МВР.

Пазарите се полни и со тутун. Полицијата фатила препорадавачи на режан тутун на Бит пазар, Зелен пазар, на пазарот во населбата Методија Андонов Ченто во Скопје и на пазарот во Тетово.

Констатирано е дека повеќе физички лица на импровизирани тезги вршат недозволена продажба на режан тутун и цигари, а со тоа избегнувале плаќање акциза. Голема количина режан тутун и цигари се одземени од пет физички лица кои вршеле продажба на импровизирани тезги пред зелениот пазар во Тетово, како и кај две лица на пазарот во населбата Методија Андонов Ченто во Скопје. На Зелен пазар во Скопје пак се одземени околу 180 килограми режан тутун, за што исто така ќе следуваат соодветни поднесоци- стои во соопштението од МВР.

АКТУЕЛНО