Фото/Социјални мрежи

Детски минибаскет фестивал викендов во Скопје

Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) утре во Скопје ќе организира дружење со најмладите кошаркари и кошаркарки од генерациите 2014, 2015, 2016 и 2017, во рамки на традиционалниот минибаскет фестивал.

Во салата на СРЦ „Кале“, почнувајќи од девет часот, на неколку специјално креирани терени, адаптирани за најмалите возрасни кошаркарски категории, ќе продефилираат повеќе од осумстотини идни кошаркари и кошаркарки.

За најдобрите поединци и екипи предвидени се посебни признанија од Македонската кошаркарска федерација.

АКТУЕЛНО