Search
Search
Фото/Градска редакција

Кафе сварено на неколку начини може да се вкуси само во Старата скопска чаршија

Македонско, грчко или турско кафе, секој го именува како што сака или кажано едноставно секој сака да го присвои како свој специјалитет.

Без разлика, тоа е толку добро што секое македонско семејство мора во својата кујна да има кафе кое утрински мора да се свари и да се консумира. Во денешно време толку еволуирал во неговата подготовка и сервирање што и дало само повеќе фама.

фото/Градска редакција

Во старата скопска чаршија на неколку места или барови кафе се подготфува на различни начини, на решо на ѓезве, електрично ѓезве или на жар, но популарно во последно време низ чаршијата стана и подготовката на ова кафе на  жежок песок на мали ѓезвиња сервисирани на филџани свиткани со бакарен калап и сервисиран исто на бакарна тацна со коцка локум.

Фото/Градска редакција

Според келнерите кои го подготвуваат ова кафе на жежок песок поставен на посебно место, ова кафе е многу барано од туристите, граѓаните или посетители на чаршијата.

„Во нашиот отворен летен бар посебно се бара ова кафе, подготвено во бакарно ѓезве во жежок песок, на посетителите особено на туристите им е интересно и сакат да го вкусат ова кафе подготвено на ваков начин„ вели за градска редакција подготвувач на кафе во жежок песок.

Има луѓе кои не можат да го замислат да го почнат денот без  утринското кафе. Со тоа тие ги отвораат вратите на денот.

„Утринското кафе мие вовед во денот, без кое функционирањето би ми било многу тешко, знам дека не е нај добар избор на празен стомак, но тоа ми дава сила за тоа кратка слатка зависност„ вели еден граѓанин за градска редакција.

Легендата за откривањето на кафето

Легендата за овчарот постои со векови, иако е невозможно да се потврди. Имено, тој ги гледал неговите кози како возбудено чукаат и гласно блеат додека ги џвакале светло-црвените бобинки што растеле на некои зелени грмушки во близина. Самиот свештеник Калди пробал неколку бобинки и набрзо почувствувал воодушевување.

Ги наполнил џебовите со бобинки и истрчал дома за да го сподели своето откритие со семејството. Неговата сопруга му предложила да ги однесе бобинките кај монасите во манастирот во близина на езерото Тана, во близина на изворот на реката Син Нил. Калди им дал од бобинките на главните монаси и раскажал за нивното чудесно дејство. Главниот монах наредил бобинките да се стават во сад и да се прелеат со топла вода за да се зачуваат. Таа ноќ монасите седнеле пиејќи богат мирисен пијалок и ветиле дека ќе го пијат секој ден за да останат будни за време на нивните долги ноќни дела.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО