Search
Search

Кодекс на облекување на ученици, носи советот на Општина Липково

Во средното училиште „Исмет Јашари„ во липковскиот регион учениците не ќе можат да облечат скинати и кратки пантолони, скинати или кратки сукни, не им се дозволува на учениците да облечат и кратки маички, исто така девојките не смеат да се нашминкаат и да носат долги нокти.

На последната средба што се одржа во четвртокот во С.К.У „Исмет Јашари“, село Липково, Училишниот совет, предводен од проф. Бурим Шабани, на која средба присуствуваа градоначалникот на општина Липково, г-дин Еркан Арифи, директорот, г. Исни Алиу и заменик. директорот, г-дин Фикрет Дураку донесе важни одлуки во интерес на училиштето и учениците. Некои одлуки се носени во поглед на пристојното облекување на учениците во училиштето.

„Одлука за кодекс на облекување во училиште, одлука за снабдување на сите ученици и образовен кадар со соодветни униформи за воспитно-образовниот процес, одлука за анализа на можностите за отворање на бифето во училишните простории со што на учениците ќе им се обезбедат подобри услови за време на паузите меѓу часовите„ се вели во објавата на Општина Липково.

Н.Ш

АКТУЕЛНО