Search
Search

Платен автобускиот превоз на делегирана судијка од Скопје во Кичево

На судијката Ирена Митревска од Скопје, која од почетокот на овој месец е времено упатена да ја врши судиската функција во Основниот суд во Кичево ѝ е одобрен надоместок за патни трошоци во висина на автобуски билет, одлучи денеска Судскиот совет.

Советот во изминатиов период времено упати повеќе судии од судовите во Скопје и од други поголеми судови во судовите во помалите општини каде што нема доволно судии за непречено функционирање на судовите и на сите им одобрува надоместок за патните трошоци во висина на јавниот превоз.

Кон барањето судијката Митревска доставила изјава заверена на нотар дека нема недвижен имот во Кичево, како и потврда за висината на возниот билет во две насоки.

Од сите функционери, само пратениците добиваат надоместок за патни трошоци во износ на гориво, патарина и амортизација за приватен автомобил, а најголем дел од останатите одат на работа со автобуси.

АКТУЕЛНО