Search
Search

Мурал посветен на маестро Џамбазов и златните славејчиња во Дебар Маало

„Маестро Џамбазов и златните славејчиња во срцето на Дебар Маало“.

Ангелина Апсис со кратката објава на ФБ им го разубави денот на членовите на социјалните мрежи со постирањето на оваа фотографија од муралот посветен на легендарниот композитор и диригент Александар Џамбазов.

Маестро Џамбазов има богат творечки опус, но во сеќавањата најмногу се врзува за фестивалот на детски песни „Златно славејче“, првото сценско искуство на десетици поранешни и актуелни пејачи.

Муралот е дело на Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ.

Фото: ФБ

 
 

АКТУЕЛНО