Search
Search

Поскапуваат дизелот и нафтата за домаќинствата

Од вечерва по полноќ за половина денар по литар поевтинуваат безнините, додека дизел горивото ќе поскапи за 1 денар, а нафтата за домаќинствата поскапува за 1,5 денари за литар. Поскапува и мазутот.

Регултароната комисија за енергетика ги соопшти максималните цени за горивата кои ќе важат по полноќ, со напомена дека трговците можат нафтените деривати да ги продаваат и по пониска цена.

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 76,50 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС – 98 78,50 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,941(денари/килограм)

АКТУЕЛНО