Search
Search

Американските и британските листи стануваат основ за воведување рестриктивни мерки од страна на државата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку својот Фејсбук профил соопшти дека Владата на денешната седница ги одобрила измените на Законот за рестриктивни мерки, со кои, како што вели, американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции

Објаснувајќи ги измените, на брифинг со новинарите Oсмани минатата недела кажа дека во игра останува конфискацијата на нелегално стекнат имот.

Законските измени кои Османи би сакал да поминат на Влада пред стапувањето на техничката влада се актуелизираа откако македонски функционери и бизнисмени се најдоа на американската „црна листа“. Измените на Законот предвидуваат правните акти на САД и правните акти на Обединетото Кралство да се додадат како основ за воведување рестриктивни мерки од страна на државата. Инаку, досега рестриктивните мерки се носеа врз основа на обврзувачки резолуции на Советот за безбедност на ОН, потоа правни акти на ЕУ, правни акти на други меѓународни организации во кои членуваме и на барања од надлежни организации на други држави, но само за тероризам и пролиферација.

 

АКТУЕЛНО