Премиерот Димитар Ковачевски ќе депонира оставка во четврток. Заедно со него, во оставка ќе бидат и сите министри.
„Цела Влада ќе биде во оставка во четврток во 10 часот наутро“, кажа Ковачевски.
Според него, има доволно време да се завршат формалностите и в недела да има гласање за техничка Влада.
„Овие избори нема да бидат спрема левица и десница, него според запад и исток“, кажа Ковачевски.