Search
Search

Мегапопуларна дестинација: Во овој град минатата година слетале дури 20 милиони луѓе

 

Истанбул минатата година беше на врвот на листата на меѓународни пристигнувања, а на листата на најпривлечни градови за патување првото место го зазеде Париз.

Прекрасниот џин кој се протега на два континента, величествениот Истанбул минатата година бил еден од најпопуларните градови во светот. Повеќе од 20 милиони луѓе долетале во омилениот турски град во 2023 година, позиционирајќи го на врвот на листата на најпосетени градови, составена од „Euromonitor International“.

 

 

Истанбул е шампион по бројот на меѓународни пристигнувања во 2023 година со раст од 26 отсто на годишно ниво, а по него следат Лондон на второто место (пораст од 17 отсто) и Дубаи на третото место (раст од 18 отсто).

„Euromonitor“ составил и листа на најпривлечни градови во светот, а на првите три места се најдоа Париз, Дубаи и Мадрид. Помеѓу останатите параметри, тие ја зеле предвид и туристичката инфраструктура, безбедноста, како и одржливоста на градот.

 

 

 

Вака изгледа листата на 20 најатрактивни градови:

1. Париз, Франција

2. Дубаи, Обединети Арапски Емирати

3. Мадрид, Шпанија

4. Токио, Јапонија

5. Амстердам, Холандија

 

 

 

6. Берлин, Германија

7. Рим, Италија

8. Њујорк, САД

9. Барселона, Шпанија

10. Лондон, Велика Британија

 

 

 

11. Сингапур, Сингапур

12. Минхен, Германија

13. Милано, Италија

14. Сеул, Јужна Кореја

15. Даблин, Ирска

 

 

 

16. Осака, Јапонија

17. Хонг Конг

18. Виена, Австрија

19. Лос Анџелес, САД

20. Лисабон, Португалија

 

 

 

АКТУЕЛНО