Search
Search

На листата најевтини градови во Европа за работа на далечина се најде и еден од Македонија

 
Во ова време на модерната технологија кое овозможува опции за работа од други држави, многумина ги интересира во кои земји најевтино ќе живеат доколку се одлучат на опцијата „работа на далечина“.

Компанијата „Brother UK“, извршила истражување за да открие каде во Европа е најевтиното место за работа од далечина.

„Brother UK“ анализирал фактори како што се брзината на Wi-Fi мрежата, цената на изнајмување на стан, електрична енергија, како и безбедноста на местото и на секоја дестинација ѝ дал оцена од максимално 100 поени.

 

 

 

Најповолниот град за оние кои работат од далечина на оваа листа е Тузла, за кој навеле дека еднокреветен стан во центарот на градот чини околу 207 евра месечно, а човек да се храни надвор исто така е евтино – просечен оброк чини само 4.11 евра.

Романија е земјата која доминирала на листата најевтини градови, заземајќи 5 од 10 најдобри места. Трошоците за интернет во Орадеја кој го зазел второто место изнесуваат само 7,42 евра.

Погледнете ја целата листа:

1. Тузла, Босна и Херцеговина

2. Орадеја, Романија

3. Крајова, Романија

4. Пловдив, Бугарија

5. Јаш, Романија

6. Темишвар, Романија

7. Сибиу, Романија

8. Скопје, Македонија

9. Ниш, Србија

10. Сараево, Босна и Херцеговина

АКТУЕЛНО