Search
Search

Од Скопје на аџилак со велосипеди – планираат за два месеца да стигнат во Мека

Се поздравија со роднините и пријателите и со велосипеди тргнаа од Скопје кон Мека.

Ќамуран Хирда и неговиот другар Адем Ајиќ од Босна планираат за 2 месеца да пристигнат во Мека. Бидејќи тргнаа со велосипеди, ќе патуваат само преку ден заради поголема безбедност, а преку ноќ ќе одмораат во некој хотел и шатор кој го понеле со себе, објави ТВ21.

„Ми кажуваат многу работи, зошто не одиш со авион, зошто со велосипед? Некому што не разбира, му велам: Со велосипед гледам се пред себе, лево, десно, уживам во природата онаква каква што ја создал Бог. И сакам на тој начин да уживам, и оваа обврска што ја имам како верник сакам да ја извршам вака, спортски“, вели Ќамуран Хирда.

Адем Ајиќ вели дека претходно ги направил сите подготовки  да оди со велосипед на аџилак.

„Јас веќе една година сум во психофизички подготовки. Едноставо, тоа се случи. Ниту јас не очекувам дека кога ќе отидам во пензија ќе ја исполнам петтата исламска должност на еден од потешките начини. Велат, олесни си, а не да отежнуваш. Но, убеден сум дека се однесува на халалот, бидејќи во исламот е нулта толеранција за халал и харам“, вели Адем Ајиќ.

Но Ќамуран вели дека одел и на други вакви патувања до Чанак Кале, тој исто така им порача на сите граѓани да не патуваат со автомобили загадувајќи го воздухот туку да патуваат повеќе со велосипед.

Од Скопје на аџилак со велосипеди – планираат за два месеца да стигнат во Мека
 

АКТУЕЛНО