Search
Search

Невреме во Скопје: Паднати дрвја, кровна конструкција се заплетка на кабли од далновод

Паднати дрвја, искршени гранки, по невремето проследено со силен ветер и дожд во Скопје.Поради силното невреме кое го зафати Скопје и дел од кровна конструкција заврши на далновод.

“Да се известат дежурните служби дека од невремето во сред населба Хиподром на високонапонскиот далновод има закачен дел од кровна конструкција”, стои во објавата на социјалните мрежи.

Кровната конструкција која ветрот ја оддува се заплетка во каблите од високонапонски далновод за струја.

Граѓаните бараат надлежните веднаш да дојдат на терен и да го отстранат делот од кровот додека не дојде до поголема катастрофа.

Во делови од скопските населби Ново Лисиче и Аеродром снема струја откако почна невремето.

Силен ветер и дожд во форма на невреме попладне регистрирано и во Кавадаречко, каде жителите на социјалните мрежи се пожалија дека во одредени делови од градот снемало струја.

Од УХМР соопштија дека од утре до средината на следната седмица во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во Скопје, од утре и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

 

АКТУЕЛНО