Search
Search
Фото/Опчтина Бутел

Новата градинка во Општина Бутел, модерна со капацитет за над 100 дечиња

Пред извесен период започна со изградба новата детска градинка која се наоѓа во дворот на ООУ “Св. Климент Охридски”. Увид во изградбата на градинката денес правеше  Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. Тој се пофали дека овој проект треба да заврши до септември а во изградба се и 25 нови проекти.

Фото/Општина Бутел

„Уште еден проект од ТАВ Програмата со кој продолжуваме да го подобруваме квалитетот на животот на сите наши граѓани. Денес сме во Општина Бутел во локацијата каде што се гради новата модерна детска градинка за која се одвоени  580,000 евра од ТАВ-програмата. Во градинката жителите на ова населено место ќе можат да згрижат до 100 деца уште од најраната возраст со што ќе се растерети проблемот со упис на нови деца. Проектите на ТАВ се реализираат низ сите општини ни земјава и се радуваме дека со добро планирање, веќе во предвидените рокови се реализирани повеќе од 70 проценти од започнатите проекти, поточно до сега се завршени 56 проекти  во 56 општини , а во моментот 25 проекти се во тек и е планирано да бидат завршени до крајот на годината . Ова детска градинка според планот е планирано да заврши некаде во септември ова година„  рече Битиќи.

Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски го искористи моментот и апелираше до Министерството за труд и социјална политика да го прифати систематизацијата на ова градинка.

Фото/Општина Бутел

„Апел до министерката за Труд и социјална политика најде начин, заклучените 19 согласности не поврзани со ова градинка, по основ на пензионирање  и по основ на отказ да ги одобри Општина Бутел бидејќи не ми се потребни мене лично но се потребни на граѓаните и родителите кои што живеат на ова територија. Но секако да помине и систематизацијата која е за ова градинка бидејќи без вработени таа не може да функционира„ рече Костовски.

Вкупната површина на детската градинка изнесува околу 950 м2 во првата фаза а втората фаза опфаќа 200 м2. Капацитетот на градинката ќе биде за 120 деца а целиот објект ќе биде едно ново модерно здание кое ќе ги задоволи сите потреби на малите деца. Со оваа нова градинка во значителна мера ќе се растерети проблемот со упис на нови деца, велат од Општина Бутел.

Н.Ш

АКТУЕЛНО