Search
Search

Ковачевски: Не може да има други услови во преговарачката рамка со ЕУ

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска од Германија порача дека преговарачката рамка на нашата земја има многу јасни одредби.

-На 19 јули 2022 ќе биде одржана Првата меѓувладина конференција која се одржа и дека потоа ќе биде потпишан Договорот со Фронтекс, а дека Втората меѓувладина конференција ќе биде оддржана без никаква дополнителна одлука по спроведувањето на уставните измени и германскиот канцелар ги повтори тие гаранции кои веќе стојат во преговарачката рамка. Други услови не може да има во преговарачката рамка. ЕУ го направи она што требаше да го направи, а тоа што ние треба да го направиме, верувам дека ќе го направиме, кажа Ковачевски на брифинг со новинарите.

Тој додаде дека не постојат такви дополнителни услови во преговарачката рамка.

-Имав телефонски разговор со новиот бугарски премиер. Веројатно ќе се видиме на самитот на НАТО во Вилнус. Со Петков најдовме заеднички јазик минатата година за одблокирање на нашиот пат. Се работи за авангарден политичар кој сака да зборува за иднината, нови технологии, унапредување на соработката и тоа се темите на кои треба да ја градиме соработката. Бугарија треба да покаже на сите нивоа на политичко делување дека се залага на цлеиот регион во ЕУ. Верувам дека се залагаат и сите партии кои се во владеачката коалиција, одговори Ковачевски на новинарско прашање за разговорите со новата бугарска Влада.

 

АКТУЕЛНО