Search
Search

Фото: Лисичани махери во вандализам, целосно уништено новото игралиште

 

Искршени трибини, скината мрежа и откорната ограда. Ваква е сликата на новото детско игралиште кое пред неколку месеци беше целосно реконструирано од страна на Општина Аеродром. Денес тоа е целосно уништено од страна на локални вандали. Спортските активност на игралиште во ваква состојба речиси се невозможни. 

Загрижени граѓаните доставија фотографии до редакцијата на Скопје Инфо на кои се гледа дека игралиштето е целосно демолирано. 

Општина Аеродром која неодамна овозможни модерни услови за спорт и рекреација за граѓаните на Лисиче се уште нема објавено реакција за последните случувања во населбата.

Претходно, Скопје Инфо објави дека за ваков сличен вандалски чин што се случи во основното училиште „Љубен Лапе“. Тогаш Општина Аеродром на својот фејсбук профил го осуди настанот и апелираше на весност и заеднички придонес кон зачувување на она што е наша и заедничка сопственост.

АКТУЕЛНО