Search
Search
Социјални мрежи

Скопје се дави во ѓубре – Врие на социјалните мрежи

Протестот од страна на вработените во ЈП Комунална хигиена направија голем хаос поради несобирањето сметот во градот.

Каде и да одите во градот мириса лошо, а контејнерите се полни со ѓубре.

Граѓаните на социјалните мрежи постојано споделуваат слики и повикуваат да се реши оваа состојба.

социјални мрежи

Од друга страна директорката на Комунална хигиена, Косана Мазнева-Николиќ, вчера на прес-конференција објасни зошто Скопје деновиве буквално се гуши во ѓубре, откако дел од вработените излегоа на протести, бидејќи на дел не им биле продолжени договорите за работа, а тие дополнително бараат и покачување на платите, бенефициран стаж и исплата на К-15.

Тие реагираат дека Мазнева не прифаќа средба со нив, а таа вели дека станувало збор за „група контролирана од политичка партија на која и се скратени бенфициите“.

„Нема да дозволам другите вработени да бидат жртви на уцени на ова добро познато подземје. ‘Комуналан хигиена‘ не е политичка партија ниту е приватна фирма, туку јавно претпријатие и нема да дозволам ни еден политички центар да ја контролира работата“, рече Мазнева.

Таа рече дека на вработените во Комунална хигена им биле зголемени платите во март за 864 денари и додаде дека договорите за работа не им се продолжени на оние кои воопшто не се појавувале на работното место или пак им завршиле договорите.

Вчера и од Општина Центар алармира до Град Скопје за неисчистените контејнери и преполните канти со смет. Според Општината, голем број граѓани се пожалиле поради нехигиената и неподносливата миризба која се шири поради преполните контејнери по булеварите и улиците на главниот град.

Протестот на работниците од Комунална хигиена продолжува, пренесува Порталб. Тие бараат исполнување на условите, зголемување на платите и враќање на отпуштените колеги на работа. Работниците наведуваат дека директорката употребува вулгарен речник кон нив, нарекувајќи ги „ѓубреџии“. Тие бараат разбирање и од граѓаните

АКТУЕЛНО