Search
Search

Паркови и зеленило апелира да не се пали оган на отворено

Високите температури кои периодов го зафатија скопското подрачје носат зголемена опасност од настанување на пожари на отворен простор, поради што од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ упатија апел до сите граѓани за зголемена будност и мобилност.

„Со цел да се спречат несакани последици, апелираме да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња“.

Доколку забележите пожар може да пријавите на тел. 193 Противпожарна бригада, на тел. 112 во Центарот за управување со кризи, или на 070268936, дежурниот број на ЈП „Паркови и зеленило“.

 

АКТУЕЛНО