Можеби звучи како болест од минатото, но туберкулозата (ТБ) претставува проблем и денес. Како и со сите здравствени состојби, превенцијата е секогаш подобра од лек. Иако не постои сигурен начин целосно да се спречи ширењето на туберкулозата во овој момент, постојат голем број мерки што може да се преземат за да се намали ширењето на оваа болест, истакнуваат од Министеството за здравтсво по повод Светскиот ден на борба против туберкулозата.
Според најновите податоци на Светската здравствена организација, во 2021 година се регистрирани 10.6 милиони случаи на заболени од туберкулоза, што е еквивалент на 134 регистрирани случаи на 100.000 жители за таа година. Република Северна Македонија последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, каде од 2019 година припаѓа во групата на земји со ниска инциденца, што имаат помалку од 10 случаи на 100.000 жители.
Како се пренесува туберкулозата?
Лицето кое ја има активната форма на болеста во белите дробови може да ја пренесе низ воздухот на другите лица со кои е во близок контакт.
Како да ја препознаете?
Како да го спречиме пренесувањето?
Совети за да спречите другите да заболат од ТБ во текот на првите неколку недели од третманот или додека лекарот не каже дека повеќе не сте заразни:
• Не користете јавен превоз.