Search
Search

Бевме заедно со Хрватска, не смееме да заостанеме и зад Србија и Албанија, вели Ковачевски

До 2006-та бевме рамо до рамо со Хрватска. Денес таа е членка на ЕУ, во Шенген и го воведе Еврото, со паметна политика и паметни политичари. За жал минатата деценија, политичарите кои ја водеа државата создадоа заробена држава и ги заробија граѓаните во нашата држава која не мрдна ниту еден милиметар во европските интеграции, а започна на истиот ден со Хрватска.

„Ако тогаш, тие нѐ заостанаа зад Хрватска, денес не смееме да заостанеме ни милиметар, зад Србија, Албанија кои движат напред! Времето минува немилосрдно, а генерациите сакаат резултати сега! За младите да не ни заминуваат токму во Европската Унија туку да останат дома! Бидејќи, почитувани граѓани и пратеници, младите не се иселуваат заради Уставот и сегашната или утрешната верзија на двата члена. Не! Тие не стануваат и заспиваат со Уставот, туку со единствената и нормална човечка потреба да живеат дома, нормално, побогато и мирно! Да живеат европски, како нивните врсници во европските градови и села“, истакна премиерот Димитар Ковачевски, денес, на специјална прес конференција по расправата во Собранието за уставните измени.

 

АКТУЕЛНО