НАТО Алијансата на својот официјален профил на платформата „X“ го честита 8ми Септември Денот на независноста на Република Северна Македонија.
Во склоп на честитката поставена е и објава на видеоматеријал и фотографија од војници со развиорено македонско знаме.
„Честит ден на независноста на нашиот сојузник, Северна Македонија! Погледнете го видеото за да прославиме заедно“, се вели во пораката.