Search
Search
Фото/ЦУК

ЦУК: Вчера регистрирани 36 пожари, шест уште се активни

Во последните 24 часа во целата држава регистрирани 36 пожари од кои според Центарот за управување со кризи шест се уште се активни за кои се работи за нивно локализирање и изгаснување.

Пожари вчера се појавиа речиси во сите околни места на Скопје. Во општината Гази Баба се изгаснати три пожари, кај селото Раштак каде горела ниска вегетација и шума, и во кругот на фабриката „Железара“ како и во селото Брњарци. Во скопска Кисела Вода горела ниска вегетација и шума во месноста „Три круши“, а во Сарај во билизна на селото Кондово горела ниска вегетација. Ниска вегетација горела и во Радишани, а во селото Нерези во скопски Карпош горела депонија.

Противпожарните тимови, во соработка со локалното население во текот на вчерашниот ден изгаснале 30 пожари, а од утринава се регистрирани само шест активни пожари. Активни се три пожари во околината на Битола, кај селата Црничани, Лознани и Ивањевци каде гори нискостеблеста вегетација и во околината на Прилеп, во селата Слепче, Долнени и Тројкрсти каде исто така гори ниска вегетација.

Од пожарите по четири се во околината на Кичево и во околината на Куманово. Три се во околината на Струга, два во општина Крушево, по еден во Прилеп, Струмица, Македонски Брод, Штип, Кочани,Пробиштип, Брвеница (село Милетино), Гостивар…

Центарот за управување со кризи апелира до сите граѓани да внимаваат да не предизвикаат пожар.

 

АКТУЕЛНО