Search
Search

Адвокатот Стојков се уште е во полициска станица – се истражува дали му помогнал на Палевски

Кривична пријава ќе има и против 46 – годишниот Стефан Димковски кој на 2 декември го превезувал од Србија преку Бугарија до Турција Љупчо Палевски, кој беше уапсен на враќање, на влез во земјава на граничниот премин Дојрани.

Тој и самиот постирал слики на Фејсбук од рутата токму на денот кога го возел Палевски.

Адвокатот Васко Стојков кој пак го возеше Палевски од Скопје до Белград, на 30 ноември, по распитот во полиција ќе биде спроведен и на распит во обвинителството по што ќе се знае дали и за него ќе има некаква пријава. Министерот за внатрешни Оливер Спасовски засега потврди дека МВР ќе поднесе кривична пријава против Димковски, со што истрагата сега се проширува на шест лица.

Во меѓувреме Портал Икс, синоќа објави видео снимка од безбедносни камери на која наводно се гледаат двете возила кои се поврзуваат со грабнувањето на 14 годишната Вања. Според порталот снимките се од 27 ноември, дента кога е киднапирано девојчето. На едната се гледа како во 07.55 часот возилото ситроен, според надлежните сопственост на велешанецот Жежовски, а пред него и возилото рено кангу, поминуваат на улица број еден во населбата Визбегово. На снимката, според порталот се гледа дека во ситроенот има лице и на совозачкото место, како и бела вреќа во задниот дел од возилото.. На другата снимка според времето 09.37 часот, во далечината се забележува облак од чад, кој според порталот доаѓа од истиот правец каде дента, нешто по 15 часот, беше пронајден опжарениот ситроен. Со овие видео снимки во јавност се отвора дилемата околу тоа кога точно е убиено девојчето а со тоа за верзијата на обвинителството за мотивот, односно дека убиството го извршиле поради паника по информацијата во јавност дека е пријавена за исчезната.

За точното време на настапување на смртта на Вања треба да одговори наодот од обдукцијата кој засега не се споделува во јавност.

Министерот Спасовски денеска потврди дека Палевски за излез од земјава и бегството кон Турција користел македонски пасош.

Тројцата осомничени за соучесништво во двојното убиство, како и таткто на Вања осомничен за помагање во грабнувањето, се во 30 дневен притвор.

АКТУЕЛНО