Search
Search

Ахмети: Да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите, почнувајќи од мене

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска гласаше на внатрепартиските избори во Кичево.

Од таму, Ахмети во ексклузивна изјава за ТВ21 првпат проговори за случајот со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко каде тој и неговото семејство беа прогласени за „персона нон грата“ од страна на САД.

Ахмети рече дека Рамиз Мерко треба да биде под истрага и дека тој самиот не се противи на такво нешто, бидејќи според него, гласан е за такво нешто во Генералниот совет и апелираше да се отвори истрага за целокупната активност на ДУИ, односно за сите функционери, почнувајќи токму од него.

„Господин Мерко мора да биде под истрага и апсолутно господин Мерко не се противи на ваквата постапка, бидејќи тој самиот е изгласан во Генералниот совет и во Претседателството на ДУИ, да се отвори истрага, за целокупната активност на Демократската унија за интеграција, од 2002 година до сега во моментот што зборуваме. Не можеме да станеме партија, обвинители и истражители и да одговараме на секоја клевета, ниту да работиме на откривање на вистината, тоа им припаѓа на органите на правдата. Ние цврсто стоиме на ова мислење да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене. Господинот Мерко не избегнува да се соочи со истрагата и бараме што поскоро да се открие целата вистина“, изјави Ахмети за ТВ21.

 

АКТУЕЛНО