Search
Search
Фото Википедија

Акција за вадење мрежи на духови од Охридското Езеро

Разни видови риби секојдневно угинува во Охридското езеро, како резултат на бројните рибарски мрежи оставени или изгубени на дното на езерото, а кои се опасност за нивното опстојување. 64 мрежи духови, како што ги нарекува стручната јавност, со должина од 2 километри, деновиве беа извадени од повеќе локации на длабочина од 5 до 35 метри.

„Мрежите духови“ служат како стапици за рибите, најчесто се напластени во локалитетите каде се наоѓаат рибните плодишта и се закана не само за рибите, туку служат и како вештачки бариери и препреки во кои живиот свет може да биде заплеткан, задржан, оставен тука и угинат“, рече Орхидеја Тасевска, директорка на Хидробиолошки завод-Охрид.

Станува збор за мрежи кои на дното на езерото опстојуваат и со децении.

„Зборуваме за децении. Кончаните мрежи ги нема ни го продажба и во употреба повеќе од три децении, а беа извадени“, рече Душица Илиќ Боева, Хидробиолошки завод.

„Најголемиот дел од мрежите се на карпестиот дел каде се мрести охридската пастрмка и сите се зафатени за карпите и тешко може да се извадат“, рече Милутин Секулоски, нуркачки центар Амфора.

Акцијата беше спроведена во соработка на Хидробиолошкиот завоид од Охрид и Хелтисис, најголема глобална нуркачка организација фокусирана на овој феномен.

„Решението за проблемот со мрежите духови треба да се бара во две насоки – преку зголемена контрола од институциите и поголема едукација кај корисниците на самите мрежи за опасноста што таквиот напуштен риболовен алат преставува за средината“, рече Вероника Микос, директорка на Хелтисис.

Во 2017 година беа извадени рибарски мрежи со должина од 14 километри.

Извор Алсат

АКТУЕЛНО