Активист сподели „потресна“ слика на која Курти и Вучиќ братски се бакнуваат

Активистката на Социјалдемократската партија на Косово Теута Руста на својот Фејсбук профил сподели слика од уметник по име „Портокалова девојка“ (Orange Girl) на која се гледаат како се бакнуваат премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Руста кога ја сподели сликата напиша „шокантно“.

Уметникот кој ја создаде сликата напиша дека историјата ги знае бакнежите на братството и предавството и праша дали овој бакнеж ќе биде еден од нив.

 „Бакнувањето е изразување, но никогаш неутрално. Добива значење во зависност од контекстот, каде и зошто е даден.Историјата во својата архива забележува бакнежи од моменти на болка и збогување. Но, историјата ги знае и бакнежите на братството или дури и на предавството. Дали ова ќе биде едно од нив?

 

АКТУЕЛНО