Албанскиот театар од Скопје ја изведе „Диво месо“ од Горан Стефановски во Тирана

„Кога ја пишував пиесата „Диво месо“, мислев дека таа се однесува на минатото. Сега гледам дека се однесувала на иднината“, рекол Горан Стефановски за текстот што го напишал во 1979 година. Со оваа претстава Албанскиот театар од Скопје во режија на Мартин Кочовски викендов ја одушеви публиката во Тирана. Театарот гостуваше во театарот „АРТурбина“ на покана од Македонскиот културно-информативен центар во градот.

– Публиката имаше впечаток како денес во Тирана да се случиле настаните од пиесата. Час и половина, публиката со големо внимание и во потполна тишина го следеше секој збор од текстот и актерската игра на нашите глумци. На крајот, глумците беа наградени со огромен и долг аплауз – пренесуваат од Македонскиот КИЦ.

Центарот продолжува со своите активнлости. На 10 и 12 мај на Тиранскиот џез фестивал ќе настапат „ПМГ Џез Сетстат“ и Националниот џез оркестар од Скопје.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави