Search
Search

Ангелов: Апел до граѓаните и градоначалниците – Состојбата со пожарите е алармантна

Состојбата со пожарите на отворен простор е исклучително алармантна. Само во текот на вчерашниот ден (недела) имаше 60 пожари.

И покрај вчерашното интезивно гаснење 6 пожари на отворено гореа во текот на целата ноќ и сеуште се активни. Во текот на викендот почнувајќи од петокот, заедно со сабота и недела имаше вкупно 116 пожари на отворен простор. Во текот на септември се регистрирани вкупно 778 пожари на отворен простор од кои 43 се гаснети со воздухоплови- вели Ангелов.

Апелира до сите земјоделци да не ги палат стрништата и сточарите пасиштата.

– Сериозни врнежи нема подолго време и воедно не се очекуваат во следните десетина дена, вегетацијата е исклучително сува, дневните температури се сеуште високи, пожарникарите и пилотите се исцрпени и на крај на силите- вели Ангелов.

Апелира до сите градоначалници да ги следат законски пропишаните процедури и да бараат воздушна подршка тогаш кога се исцрпени сите останати можности. Пожари не се гаснат од воздух со ер трактори и хеликоптери без подршка на пожарникари од земја.

-Невозможно е да се изгасне пожар додека врз него не згазне пожарникарска чизма. ЦУК ја проценува неопходноста од употреба на воздухоплови, а доколку се употребат ги координира. Бројот на воздухоплови е ограничен, а бројот на пожари секој ден е огромен- вели директорот на ЦУК.

Во моментов има 6 активни пожари од кои четири се поголеми и поопасни. До вечер ќе станат многу повеќе.

-Напоменувам дека и најмалиот пожар за миг може да прерасне во голем пожар кој ги загрозува човечките животи, здравје и имот- вели Ангелов.

 

АКТУЕЛНО