Search
Search

„Арена спорт“ е забранета во Косово, емитувале видеа со кои се слави нападот во Бањска

Пропагандната битка меѓу Србија и Косово се одвива и на телевизискиот пазар, поконкретно на спортските канали. „Арена спорт“ е забранета на Косово затоа што во неколку спортски емисии прикажува снимки на кои се слави нападот во Бањска во кој беа убиени косовски полицаец и тројца Срби, објави N1.

Откако Арена спорт, која ја емитуваат повеќе кабелски оператори во Косово, емитуваше пропагандни видеа во кои се величи нападот во Бањска во неколку спортски емисии, независната комисија за медиуми на Косово го забрани емитувањето на нивните канали. На снимката што ја објави Арена спорт, инаку во сопственост на Телеком Србија, се гледа манастирот Бањска и датумот 24 септември кога се случи нападот, со зборовите „ќе паметиме“ и „слава на хероите“.

„Не сум изненаден од ваквата одлука на Арена, односно српски Телеком, бидејќи е јасно дека тоа е државен проект кој секогаш бил под политичка контрола и кој правел работи блиски до владејачката политика, на еден или друг“, изјави Марко Милосављевиќ од Универзитетот во Љубљана.

Се покажа, според аналитичарите, дека владата во Србија уште еднаш ги злоупотребила политичките спортски канали кога тоа било во интерес на српскиот претседател Александар Вучиќ.

АКТУЕЛНО