„Арсовска или како се викаше, нејзина е вината за превозот“

 
 

На жителите на Скопје им снемува трпение. Велат дека повеќе од 5 месеци постојано доцнат на работа и на училиште или навреме да ги завршат секојдневните обврски бидејќи на некои автобуски линии има многу малку автобуси.

Според нив, дури и кога некое од возилата доаѓа на време, нема место да се влезе, а некогаш возачите не ги отвораат ни вратите. Поради тоа, многу граѓани мора долго да пешачат а други мора да плаќаат такси.

Револтирани се од постапките на Град Скопје од каде неколку месеци не можат да го решат хаосот во главниот град откако им беа раскинати договорите за работа на приватните автобуски превозници.

„Не знам што е оваа работа, нема автобуси. Има многу гужва. Бев на доктор, автобусите беа преполни со луѓе. Ретко, многу доцнат, од 30 до 45 минути. Не знам што прават, што мислат овие луѓе вака. Арсовска или како се викаше, сè е нејзина вина…“

„Подоцна се создава многу гужва. Нема место и понекогаш не застануваат да земат патници. Тоа се случи во автобусот број 19, толку е полн што не ги отвораат вратите за други луѓе да се качат. Не ја вршат работата како што треба, не се грижат за учениците кои патуваат. Јас сум во музичко училиште, далеку е. Оддалечено е околу 40 минути пеш и морам со автобус, а најчесто доцнам. Обично доцнат, морам да земам такси“, реагираат граѓаните.

Градот Скопје изминатиов период имаше неколку јавни повици за приватни превозници за пополнување на линиите каде што нема доволно автобуси, но ниту еден од тие повици не беше успешен. На 10 април беше отворен последниот, но од Град Скопје не одговараат дали овој пат тој ќе успее или повторно ќе пропадне. Се бараат превозници за 16 линии кои во текот на овие месеци сообраќаат со многу малку автобуси на ЈСП кои се преоптоварени со патници. За овие линии потребни се 115 автобуси и 245 возачи. Повикот ќе трае до 24 април. Причините кои доведоа до пропаѓање на третиот јавен повик остануваат нејасни.

Извор: AlsatM

АКТУЕЛНО