ВИДЕО На автобусот на ЈСП му истече горивото!

Во последните две години освен новите автобуси кои ги набави Петре Шилегов, другите постојано се расипуваат, се запалуваат и се небезбедни за патниците.

Пример за тоа е и денешниот инцидент со автобусот број 53, кој во населбата Маџари ги замолил патниците веднаш да го напуштат автобусот поради дефект.

 

Како што може да се види на видеото, најверојатно се работи за истекување на гориво.

Градска.мк и претходно објави на невнимание со горивото на Јавното сообраќајно претпријатие кога автобусот заедно со патниците отиде во гаража да наточи гориво.

 

Само во Скопје: Возач на ЈСП се исклучува од линијата и полни гориво сосе патниците во автобусот!

АКТУЕЛНО