Search
Search

Арсовска рече дека Ѓорѓиевски е неписмен: Парцелата на ЈП „Дрисла“ е во сопственост на Град Скопје

Имотот на парцелата на ЈП „Дрисла” е во сопственост и основана од страна на Советот на град Скопје е во директна надлежност на градот Скопје. Оттука, произлегува дека т.н. „правен тим” на Ѓорѓиевски е значително помалку едуциран за проблематиката за која е советуван градоначалникот, реагира градоначалничката Данела Арсовска по прес конференцијата на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, дека „Дрисла“ се наоѓа во општина Сопиште каде Градот нема ингеренции.

-Она што ме радува пак од прес конференцијата на Ѓорѓиевски е фактот што тој денес призна дека токму ВМРО-ДПМНЕ во содејство со отпадници од владејачката ДУИ и СДСМ се организатори на блокадата на работата на КХС. Сакам да изразам и жалење за ноторните лаги на Ѓорѓиевски, кои пак произлегуваат, претпоставувам од неговата функционална неписменост – општина Кисела Вода нема никаков договор со Дрисла, напротив, барањето за склучување на договор е испратено до ЈП Дрисла вчера на 11.07.2023 година. Договор има компанијата „Анизор” која е ангажирана преку тендер од страна на општина Кисела Вода за одлагање на отпад во ЈП „Дрисла” со која никогаш немало никаков проблем. Но, би сакале да го потсетиме Ѓорѓиевски дека вечерта кога го истураше отпадот пред ЈП „Дрисла” самиот изјави дека тој чин го прави под „целосна сопствена одговорност” – соопштува Арсовска.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, претходно, на денешната прес-конференција одржана во просториите на општината наведе дека нема потреба од никаков договор за одлагање на отпадот во Јавното претпријатие Дрисла и покажувајќи фактури од скоро минато како се одлагало утпад во депонијата истакна дека нема потреба од никаков договор којшто се спомнува, туку има Одлука донесена уште во 2005 година каде што сите општини се наведени коишто можат во секое време да одлагаат отпад во ЈП Дрисла и затоа нагласи дека за оваа казна нема да се плати ниту еден денар од џебот на граѓаните и од буџетот на оваа општина, затоа што, како што рече, оваа казна нема основ.

Ѓорѓиевски нема да ѝ плати казна на Дрисла оти го истури ѓубрето пред депонијата, вели нема основ да биде казнетФото: МИА
Објавено на
12.7.2023 – 15:23

Сподели

 

Откако беа неколку камиони наполнети со отпад, отпадот по логика на нештата се упати кон единствената регионална депонија за која што за одлагање на истиот отпад нема потреба од никаков договор којшто тие го споменуваат бидејќи има одлука и ова е јавно достапна, донесена уште во 2005 година каде што сите општини се наведени коишто можат во секое време да одлагаат отпад во ЈП „Дрисла“ и за тоа да им се изврши мерење на отпадот и за истото да им се изработи фактура и да им се наплати, рече Ѓорѓиевски.

Потсети дека додека се спречувале камионите од Кисела Вода и Сопиште да одложат отпад во Дрисла, други возила, меѓу кои и возила со странски регистарски таблички биле пропуштани да влегуваат во депонијата.

„Да не го изоставам фактот дека додека се спречуваше да камионите од Кисела Вода и Сопиште камионот којшто ни беше на помош испратен на нашата општина да одложат отпад во Дрисла возила со италијански регистарски таблички селективно, но и други возила беа пропуштани да влегуваат во Дрисла и да одлагаат отпад. Замислете, возилата на граѓаните на општина Кисела Вода, сопственост на Општина Кисела Вода за коишто уредно се плаќало секогаш во Дрисла биле попречувани да го однесат и да го одложат отпадот во Дрисла, а селективно биле пропуштани возила меѓу кои со странски регистарски таблички“, кажа тој.

Додаде дека само нивните камионо биле задржани на лице место час и половина.

„И по неколку пати предупредувања од наша страна, после неколкупати повикувања на разумност од наша страна да ни се дозволи да отпадот во внесеме во Дрисла, каде што е местото на отпадот којшто ние го собравме, за тоа плаќаат граѓаните, а не го извршувал Градот Скопје тоа како своја активност за која што земаат пари од граѓаните, немавме друга опција после нашите предупредувања освен истиот да го одложиме пред ЈП Дрисла“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски кој додаде дека втората опција која што им била на располагање било повторно отпадот да биде вратен во Кисела Вода.

Тој исто така наведе дека депонијата Дрисла е лоцирана во дел на Сопиште и дел на Општина Студеничани, општини коишто се надвор од границите, но и од ингеренциите на Градот Скопје.

На новинарското прашање зошто казната е напишана казна само за Општина Кисела Вода а не и за Општина Аеродром, Ѓорѓиевски одговори дека нивните камиони биле подолу и дека имало неколку камиони во серија.

„Нашите беа први камиони, втори беа на општина Сопиште. Изречени се казни и за Општина Сопиште 50 и не знам колку илјади евра и 86 или 84 илјади евра изречена казна на Кисела Вода за одложување на отпад на јавна површина“, одговори тој.

Ѓорѓиевски најави дека ќе се разгледа можноста за поднесување на кривична пријава, но не даде точен одговор дали таа кривична пријава би била насочена кон институциите, во случајов, ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје, или ќе биде лично кон лицата за коишто они сметаат дека се одговорни за ова прашање.

 

 

АКТУЕЛНО