Search
Search

Арсовска се грижи за велосипедската инфраструктура на Водно – А каде се велопатеките по градот!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, изгледа дека ја стави велосипедската инфраструктура на Водно во фокусот на нејзината владејачка агенда, со најавата за санацијата и одржувањето на велосипедските патеки на планинските предели.

Но, додека Водно добива внимание и насока кон подобрување на рекреативната инфраструктура, граѓаните на Скопје се жалат и изразуваат незадоволство поради несредувањето на велосипедски патеки во самиот град. Скопје, како најголемиот град во Македонија, требаше одамна да има адекватни велосипедски патеки и инфраструктура за велосипедистите, со оглед на тоа што Арсовска ветуваше пред да дојде на власт како мајка на градот.

Граѓаните со жалби

Веднаш по објавата на ова новина на Градот за санација и одржување на двете велосипедски патеки на Водно, граѓаните на социјалните мрежи реагираа со „потсмев“ на овие активности.

„Ова е активност што треба да се случи во рана пролет кога почнува вело-сезоната. Санација и чистење на планинска вело патека на 26-ти октомври е исто како табање стази на ски центар во јуни“, гласи еден коментар на граѓанин.

Друг коментар гласи дека „Од луѓе што не возат велосипед, а на планина одат облечени во сакоа, ништо добро нема да види планината. Подобро ништо да не менуваат“.

За Градска,мк. велосипедистот Беким Лачи вели дека средувањето на велосипедските патеки на Водно е добра работа, но не верувам дека тоа треба да биде приоритет.

„Обезбедување услови за непречено движење на велосипедистите на дневна основа е примарна работа, по после треба да водиме грижа за рекреативците, се работи за безбедност во сообраќајот, за животи се работи. Жителите на Радишани, Бутел, Север и Чаир каде јас живеам, немаат воопшто велосипедски патеки, ние што го користиме за транспорт сме приморани да возиме во коловозни ленти, и тоа е опасно, имало и повредени велосипедисти удрени од коли“.

Социјални мрежи – „На Точак“
Градска редакција

Велосипедската инфраструктура не е само средство за подобрување на квалитетот на живот, туку и начин да се намали загадувањето на воздухот и сообраќајните проблеми. Заштитата на околината и подпомогнувањето на здрав начин на живот треба да бидат приоритети за градските власти, вели велосипедистот Лачи.

Додека инвестирањето во Водно е важно и има своја вредност, граѓаните се жалат дека недостасува грижата за самите нив и дека не се создаваат услови за безбедно велосипедско сообраќајство во градот.

 

АКТУЕЛНО