Артефакти, фотографии, археолошки материјали од Градец изложени во Крива Паланка

Во галеријата на Градски музеј Крива Паланка се изложени артефакти, фотографии, археолошки и историски материјали, дел од десетгодишните археолошки истражувања на локалитетот Градец, кривопаланечко, каде што тим истражувачи работеше посветено во изминатата деценија, пронаоѓајќи значајни артефакти од праисторијата до средниот век.

За Градец од еден неистражен локалитет во 2013 година кога како тим ентузијасти од музејот, составен од археолози, етнолози, историчари на уметност и други стручни лица, со раководство на теренските истражувања од археологот, Цоне Крстевски, десет години подоцна можат да сублимираат една богата збирка артефакти од различни историски доба. Она што е уште карактеристично, според директорот на Градски музеј Драган Величковски, е што локалитетот може да се смета за 10-15 отсто истражен, така што, останува, како што нагласи, да се продолжи со посветената работа и во иднина.

 

Локалитетот Градиште се наоѓа во село Градец, на падините на планината Билино, во палеовулканската област Градечки Чуки, стара над 30 милиони години вулканска структура.

Најраните податоци од наоѓалиштето потекнуваат од теренски интегрални истражувања на кривопаланечка област-Славиште, со посредни информации во „Материјали по изучување на Македонија“ од македонскиот публицист, историчар и идеолог на македонската револуционерна борба, Ѓорче Петров, од 1896 година.

Мамузите како симбол на витештвото им припаѓале на феудалците и аристократијата во тој среден век, по што, се претпоставува, му припаѓале на некој великодостоинственик што владеел на овие простори во тој период.

На истражувањата на Градец работел голем тим истражувачи археолози, историчари на уметност, етнолози и други стручни лица, меѓу кои и директорот на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, за кој Митковски рече е најзаслужен поради посветеноста во сите 10 години да се конкурира за поддршка и продолжување на истражувањата, со финансии од Министерството за култура.

Според Величковски, ресорното Министерство има вложено околу милион денари за истражувања на овој значаен и богат локалитет во изминатата деценија, а сите истаржувања и конзервација дополнително се извршени и со финансии од буџетот на самата локална установа што се финансира од буџетот на Општина Крива Паланка.

Археологот Цоне Крстевски, како раководител на теренските истражувања на Градец, посочува дека оваа изложба треба да биде урнек, модел како сите музеи и останати институции треба да дадат отчет за средствата добиени од Министерството и да ги претстават пред пошироката јавност резултатите од спроведените активности на терен.
Изложбата ќе биде отворена до 15 јануари.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави