Search
Search

Автобусите на ЈСП утре ќе возат по изменети линии поради генерална проба за Самитот на ОБСЕ

Поради одржување генерална проба во врска со 30. Министерски совет на ОБСЕ, утре во периодот од 9 до 12 часот неколку сообраќајници ќе бидат затворени, па од тие причини дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, соопштуваат од ЈСП „Скопје“.

Изменети траси ќе имаат линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118.

Автобусите на линии 8 и 15А ќе сообраќаат од мостот „Гоце Делчев“ наместо по булевар „Илинден“, по булевар „Партизански одреди“. Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Линии 7, 15, 19, 26, 29 и 59 наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“. Линии 18, 21А и 118 од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта. Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење – соопштија од ЈСП.

 

АКТУЕЛНО