Search
Search

Бектеши: Отпуштен работник од ЕСМ државата ќе ја чини од 20 до 30 илјади евра

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска рече дека со „зелената транзиција“во иднина ќе следува намалување на бројот на работници во АД ЕСМ, иако акционерското друштво во државна сопственост има објавено оглас за вработување на 500-тини лица.

Бектеши рече дека за оние кои ќе останат без работа ќе бидат подготвени отпремнини и социјални пакети.

Климатскиот инвестициски фонд од три милијарди евра кој го најавува Владата и меѓународните кредитори заради декарбонизација на Македонија, ќе доведе до губење на работни места во пелагонискиот и југозападниот дел од земјата, а најмногу ќе „настрада“ Општина Новаци.

– Во делот на вработените, се предвидуваат социјални пкаети. Ние ќе им понудени како држава да се вработат во приватниот сиктор, или за преостанатите години од стажот да им се даде можност во вид на грантови сами да направат инвестиции во приватниот сектор. За секој вработен тоа би било од 20 до 30 илјади евра, рече Бектеши.

АКТУЕЛНО