Search
Search

Бектеши: Супермаркетите се согласиja за намалување на цените

Министерот за економија, Крешник Бектеши по денешниот состанок со најголемите ланци на супермаркети во земјава, информира дека дошле до заклучок дека има простор за намалување на цените на производите, и како добра волја и општествена одговорност, одлуката на Министерството за економија ќе биде усвоена и поддржана од вторник во делот на поевтинување.

Бектеши потенцира дека потрошувачите нема да се чувствуваат измамени. Според него, Министерството за економија ќе направи измени и дополнување на Законот за државен и пазарен инспекторат, каде што ќе ги зголеми ингеренциите на инспекторите на ДПИ, каде што ќе можат да постапат веднаш. Посочи дека до крајот на наредната недела, ќе го има и новото законско решение за нефер трговски практики, каде што ќе се укинат речиси над 20% од одредени давачки во ланецот трговија, што дополнително ќе влијае во намалување на цените.

Референтна цена од среда ќе биде една од цените од претходните месеци. Над 90% се производи со 5% ДДВ, кажа Бектеши на брифинг со новинарите.

Одлуката за кои производи ќе се намалат, е донесена согласно конкретни анализи, посочува министерот. Тој уверува дека маркетите стануваат се повеќе општествено одговорни и ги прават подготовките пред измените да влезат во сила. Според него, можат и уште преку викендов да ги намалат цените.

АКТУЕЛНО