Search
Search

Бесплатни часови по пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Учениците од прво одделение и дечињата со попреченост во училиштата во општина Аеродром и оваа година преку проектот „Учиме да пливаме“ имаат можност да ги совладаат техниките и стиловите на пливањето, целосно бесплатно, овозможено со средства од локалната власт. Како дел од проектот, учениците добиваат часови од стручни лица и целосна опрема за пливање.“Инклузивноста и здравиот начин на живот се важни за нас во Аеродром, а задоволството на родителите и радоста на дечињата се доволна потврда дека со проектот ги рушиме стереотипите на административното работење и грижата за најмладите ја ставаме високо во нашите приоритети. Пливањето овозможува тренинг за целото тело и го активира умот, а преку конкретниот проект, освен физичкиот развој, успеваме дечињата за момент да ги оттргнеме од секојдневните обврски и дигиталната технологија, стекнувајќи нови спортски и моторички вештини. Поддршката за спортот и здравиот живот продолжува и понатаму, со проекти и активности во различни спортски дисциплини”– велат од Аеродром.

АКТУЕЛНО