Search
Search

Бислимовски: Нема да има ценовен шок на струјата

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски вели дека нема да има и нема да дозволат никаков ценовен шок на струјата и додава дека следната седмица се очекува да ја информираат јавноста околу цената на струјата од 1 јануари 2024 година.

-Цените на струјата секогаш се актуелни, во изминатиот период повторно бевме соочени со разноразни црни сценарија, колку ќе значи поскапувањето, што ќе значи. Ние ги привршуваме цените во однос на делот за мрежарините, за пренос и за дистрибуција на електрична енергија. Понатака откако ќе ги усвоиме, универзалниот снабдувач треба да ги достави. Очекуваме во текот на следната недела да ја информираме јавноста. Секогаш имаме креативни решенија, нема да има никаков ценовен шок, сè ќе биде во рамките на тоа што може да се очекува, вели Бислимоски во разговор со дописничката на МИА од Атина.

Објаснува дека треба да се земат предвид зголемувањето на набавната цена на ЕВН хоум, трошоците за загуби на електрична енергија кои се зголемија кај електродистрибуција, зголемените трошоци за материјали, зголемените плати во компаниите итн.

-Нема да дозволиме никаков ценовен шок. Повторно разноразните експерти ќе ги разочараме, така што, во текот на следната недела ќе ја соопштиме конечната одлука, истакнува претседателот на РЕК.

 

 

АКТУЕЛНО