Search
Search

Бислимовски: Од 1 декември се врати евтината тарифа за електрична енергија

Од први декември официјално евтината тарифа се врати кај домаќинствата. Кај нас во Македонија сите броила се дигитални но – не значи дека секое дигитално броило има далечинско отчитување како што ќе доаѓа отчитувачката група за да се промени така ќе биде променета енергијата од скапа во евтина. Потрошувачката за Декември – ќе биде со целосна применета евтина тарифа. Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат повеќе од 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе биде 90% завршена. Никој нема да биде оштетен’’ – рече претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

Бислимовски додаде во однос на снабдувањето со електрична енергија според податоците со коишто располага ЕСМ производните капацитети се во добра кондиција.

„Не е исклучена можноста за да пости зголемување на цената на струјата поради што потрошувачката на електричната енергија е намалена за 10% заради поставувањето на фотоволтаци– но секако ќе се најдат соодветни креативни решенија што е во наши рамки. Доколку се држиме до плановите за домашно производство на домашна енергија ќе немаме проблеми ‘’ – истакна Бислимовски.

Бислимовски рече дека постоеле комуникациски проблеми во однос на снабдувањето со топлинска енергија но се надминати. Она што е карактеристично дека имаме пад на нафтата и нафтените деривати но тоа е заради осцилациите на берзите.

АКТУЕЛНО