Битиќи: Без енергетски инвестиции нема зелена транзиција, потребни се два извори, приватни и јавни инвестиции

„Мислам дека има искривено очекување колку се можностите. Нема влада и нема да има држава ако на структурен начин не ги решава проблемите. Ние пред неполни 5 години, направивме долгорочна стратегија за енергетика. МАНУ кажа дека енергетската транзиција мора да се случи од два извора: приватни и јавни инвестиции. Без приватни инвестиции нема зелена транзиција. И тоа значи дека ние треба да креираме пат за да влегуваат приватни инвеститори и помогнат во енергетската транзиција а секако плановите на државата мора да продолжат. Тие зборуваат и дека ќе бидат потребни околу 4 милијарди евра за таа транзиција. Значи 70% производство од јаглен, да премине во зелена електрична енергија,“ рече потпретседателот на СДСМ и потпретседател на Владата на РСМ, Фатмир Битиќи на поткастот „Политиканти“ на Слободен Печат ТВ, на прашањето зошто во енергетиката се е закочено и тешкотијата во убедувањето на стручната јавност за ова прашање.

Тој посочува дека 33 години се учиме дека наместо зголемена конкурентност треба да креираме монополи.

„Јас не сум заинтересиран за енергетика, но мене ме интересира дали ќе имам зелена енергија, која е помалку штетна, дали моите деца ќе дишат чист воздух и секако плаќаат помалку. Ние имаме недостаток од 30 % на енергија, ја увезуваме во овој момент,“ рече Битиќи.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави