Search
Search

Богоев: Го охрабрувам стопанството да стане партнер на Царината – целта ни се заштеда на време и ресурси и помали трошоци за компаниите

„Сакаме да го охрабриме македонското стопанство да стане партнер со Царинската управа и да овозможиме поголеми предности за македонските компании кои се стекнале со ваков статус. Крајната цел е заштеда на време и ресурси, како и помали трошоци за компаниите, што ќе обезбеди конкурентска предност на македонското стопанство на меѓународниот пазар, повеќе работни места и повеќе приходи во Буџетот“ рече директорот на Царинската управа, Стефан Богоев во интервју за „24 инфо“.

Тој додаде дека интензивно се работи на воспоставување на Новиот едношалтерски систем кој ќе функционира како нов граничен „бизнис хаб“ при што целиот увоз, извоз и транзит ќе се одвива „под еден покрив“.

„Овој систем ќе им овозможи на економските оператори да доставуваат податоци на едно место, наместо одделно до царинските системи и до системите на другите надлежни органи, со што ќе се постигне целта на побрз процес на царинење и намалени трошоци за компаниите. Во моментов подготвуваме и хардверска инфраструктура за инсталација на системот НКТС-5 и воспоставување интерконекција со Брисел, со што целосно се хармонизираме со системот на ЕУ што во моментов се користи за транзитни постапки“ рече Богоев.

Директорот на Царинската управа рече дека во рамките на ЦЕФТА изготвена е и централната база на податоци за ОЕО коишто ги имаат исполнето безбедносните барања и во моментов се работи на нејзино поврзување со царинските системи и SEED системот што го користат ЦЕФТА страните.

„Истото ќе овозможи идентификација на ОЕО уште пред нивното пристигнување на граничните премини, побрзо завршување на процесите за царинење и крајно побрз проток на стоките. Олеснување на трговијата и побрз транспорт е овозможено и преку воспоставените приоритетни ленти за имателите на ОЕО сертификат и компаниите од земјите во рамки на Отворен Балкан“ рече Богоев и додаде дека вопоставени се и Зелени коридори за електронската размена на податоци меѓу Царинските управи преку SEED плус системот на ЦЕФТА, што овозможува забрзување на протокот и ефикасни контроли.

 

Целото интервју прочитајте го на следниот линк.

АКТУЕЛНО